КОНФЕРЕНЦИИ, СЕМИНАРИ, ОБУКИ
Состанок на директори на агенциите за вработување од Југоисточна Европа

Директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Билјана Јовановска учествуваше на состанокот на директори на државните агенции за вработување од Југоисточна Европа одржан на 6 и 7 февруари 2009 година во Херцег Нови. На состанокот беа разработени темите за нудење на услуги за работодавачите и работа на интеграција на потешко вработливите лица (лица со инвалидитет, постари лица, лица со квалификации за кои нема соодветна потерба на пазарот на трудот и сл.)
Состанок на директори на агенциите за вработување од Југоисточна Европа

На 6 и 7 ноември 2008 година во Сплит се одржа состанокот на директори на државните агенции за вработување од Југоисточна Европа на која учествуваше и директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Билјана Јовановска. Препораките од оваа средба беа дека секоја агенција за вработување треба да води сметка за претставување на своите активности на сите расположливи медиуми за постигнување на поголема транспарентност, да го унапредат квалитетот на услугите спрема своите клиенти, размена на искуства со билатерална соработка и сл.
Потпишување договори
На 19.10.2007 година во Центарот за вработување Прилеп 24 невработени лица потпишаа договори со Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за труд и социјална политика и УНДП за почеток на сопствен семеен бизнис (поддршка на невработени лица за самовработување - семеен бизнис). Договорите ги потпишаа невработени лица кои ќе развиваат бизниси во областа на земјоделството, сточарството и услужните дејности.
Ова е прв циклус, а ќе следуваат уште два циклуса за поддршка на невработени лица кои ќе започнат семеен бизнис.
Конференција во Белград
Директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Билјана Јовановска, учествуваше на Втората конференција на државните агенции за вработување од Југоисточна Европа “Вработување на младите и миграциите”, одржана во Белград 31 мај – 1 јуни 2007 година.
На Конференцијата присуствуваа директорите и други претставници на државните агенции за вработување од Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Турција и Македонија. Како гости присуствуваа и претставници на Агенциите за вработување на Шведска, Германија, Франција, Мароко, Австрија, потоа претставници на Меѓународната организација на трудот (ILO), Светската асоцијација на државните агенции за вработување (WAPES) и други гости.
|