|
|
Со Агенцијата за вработување раководи директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со мандат од четири години. Директорот на Агенцијата за вработување има заменик. Директорот на Агенцијата за вработување и заменикот на директорот ги именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за труд и социјална политика.
Правата и надлежностите на директорот се утврдени со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и со Статутот на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија е г-ѓица. Билјана Јовановска.
|
|
|
|
|
|