www.avrm.gov.mk МК | EN 

За нас
Организациона структура
Управување
Раководење
Извештаи
Новости
Дејности
Услуги за невработени лица
Услуги за работодавачи
Вработување на странски државјани
Анализа на потреба од вештини
Активни мерки
Оперативен план на Владата
Обука, преквалификација и доквалификација
Професионална ориентација
Работни клубови
Вработување на инвалидни лица
Проекти
Статистички податоци
Регистрирани пријави за засновани работни односи
Невработеност
Корисници на права
Лица со посебни потреби
Вработување на странски државјани
Обука, доквалификација и преквалификација
Прописи
Јавни огласи
Јавен оглас до невработените лица
Слободен пристап до информации од јавен карактер
ЛИНКОВИ
Контакт информации
Прашања и одговори
Брошури
 
прва страница линкови контакт
ДејностиАнализа на потреба од вештини


Анализа на потребите од вештини

 

Агенцијата за вработување на Република Македонија, од 2007 година, во рамките на својата редовна дејност, спроведува анкетно истражување меѓу работодавачите за Анализа на потребите од вештини

 

Анализата на потребите од вештини  за прв пат како пилот истражување беше  спроведена во 2006 година во рамките на КАРДС Проектот,  Политика за вработување 2, Компонента 2, Понатамошно подобрување на капацитетот на Агенцијата за вработување  и нејзините локални центри за вработување.

Методологијата за оваа анализа се базира на анкетно истражување според шведскиот модел, а прилагодена на македонски услови

Станува збор за истражување чии резултати се многу значајни, не само  за Агенцијата за вработување, туку и за работодавачите и социјалните партнери на регионално и локално ниво.

 

Анкетното истражување, придонесува за зголемување на сознанијата за состојбите и очекуваните промени на пазарот на трудот, како и за зголемување на соработката и довербата меѓу работодавачите и Агенцијата за вработување.

 

Главна цел на Анализата на потребите од вештини, е да се зголемат сознанијата за состојбите и очекуваните промени на пазарот на трудот, преку добивање на информации од работодавачите за :

·         потребите од нови вработувања во наредните 6 до 12 месеци;

·         потребите од занимања, на планираните нови вработувања;

·         потребите од вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања;

·        потребите од работна сила, кои работодавачите не можат да ги задоволат,односно дефицитарни кадри.

 

Анкетното истражување базира на примерок од работодавчи  (стратифициран случаен примерок) со 10 и повеќе вработени, а изборот на фирмите во анкетата  е направен од осум дејности: земјоделство, лов и шумарство, преработувачка индустрија, градежништво, трговија, хотели и ресторани, сообраќај, складирање и врски, финансиско посредување и недвижен имот и услужни дејности.

 

Со анкетирањето се опфатени само фирми од  приватниот сектор, односно јавниот сектор не е вклучен во истражувањето.

 

Анализата на потребите од вештини обезбедува релевантни и мошне корисни краткорочни показатели за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања во наредните дванаесет месеци на ниво на Република Македонија.

 

 
Пребарај
Copyright 2007. Агенција за вработување на Република Македонија. Сите права задржани.