ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА
Со Законот и со Правилникот за вработување на инвалидни лица се уредуваат посебни услови и права за вработување и работење на инвалидни лица, а особено:
- Вработување на инвалидно лице на неопределено време;
- Работно оспособување заради вработување;
- Адаптација на работното место;
- Набавка на опрема, инструменти, апарати, алати и резервни делови;
- Ослободување од даноци и обезбедување средства за придонеси и друга финансиска поддршка.
|